Охридска банка и ИФЦ потпишаа договор на 10 милиони евра

Bez autora
Apr 16 2012

Охридска банка, членка на Сосиете женерал групацијата обезбеди 10 милиони евра кредит од ИФЦ, членка на Групацијата на Светската банка, со што ќе се овозможи пристап за финансирање на малите и на средните претпријатија. Преку соработката со ИФЦ, Охридска банка ќе ја зајакне кредитната поддршка за компаниите во Македонија и ќе придонесе кон забрзување на економската активност во земјата. Овој договор го консолидира нашето стратегиско партнерство со ИФЦ. Со кредитот од ИФЦ дополнително ќе ја збогатиме лепезата извори на Охридска банка за финансирање на правни лица. Тоа ќе ни овозможи да ја зајакнеме нашата кредитна поддршка за малите и за средните претпријатија во Македонија кои се спротивставуваат на кризата преку инвестирање во иднината.

Охридска банка и ИФЦ потпишаа договор на 10 милиони евраОхридска банка, членка на Сосиете женерал групацијата обезбеди 10 милиони евра кредит од ИФЦ, членка на Групацијата на Светската банка, со што ќе се овозможи пристап за финансирање на малите и на средните претпријатија.

Преку соработката со ИФЦ, Охридска банка ќе ја зајакне кредитната поддршка за компаниите во Македонија и ќе придонесе кон забрзување на економската активност во земјата.

„Овој договор го консолидира нашето стратегиско партнерство со ИФЦ”, изјави Филип Kотора, член на Управниот одбор на Охридска банка. „Со кредитот од ИФЦ дополнително ќе ја збогатиме лепезата извори на Охридска банка за финансирање на правни лица. Тоа ќе ни овозможи да ја зајакнеме нашата кредитна поддршка за малите и за средните претпријатија во Македонија кои се спротивставуваат на кризата преку инвестирање во иднината”.

„Ние работиме со Охридска банка и Сосиете женерал за стабилизација на финансискиот и банкарскиот систем во регионот и за да се осигураме дека капиталот тече кон луѓето и бизнисите на кои им е потребен“, изјави K. Афтаб Ахмед, директор во ИФЦ.

Средствата што се одобрени на Охридска банка се наменети за финансирање на претпријатија преку систем на подзаеми и тоа за оние во кои јавниот, како и странскиот капитал не надминува 49 отсто од вкупниот капитал на друштвото. Потенцијални корисници на подзаем се друштва кои исполнуваат најмалку два од следните критериуми: да немаат годишен обрт поголем од 15 милиони долари, да немаат актива поголема од 15 милиони долари и да немаат повеќе од 300 вработени.

Kредитите се наменети само за финансирање на инвестициски проекти - основни средства, при што најмногу 30 отсто од подзаемот може да биде искористен за финансирање на обртни средства. Подзаемите ќе се одобруваат на износ меѓу 10.000 и 1.000.000 долари по заем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik